21.04.2023 Скопје
Членките на Групата седум индустриски најразвиени земји, како дел од проширувањето на антируските санкции, размислуваат за речиси целосна забрана на извозот во Русија.
Земјите од Г7 веќе го суспендираа извозот во Русија на широк спектар на производи, вклучително и производи што можат да се користат за воени цели и луксузни стоки.
Сепак, најновиот план може да го прошири трговското ембарго на половни автомобили, гуми, козметика и облека.
Следниот самит на Г7 ќе се одржи во јапонскиот град Хирошима од 19 до 21 мај.
Подготвено од А.Ѓ.