13.04.2023 Скопје
По неодамнешните превирања во глобалниот банкарски сектор, финансиските лидери на Г7 ветија дека ќе преземат мерки за одржување на стабилноста на глобалниот финансиски систем и најавија дека на земјите со помал и среден економски потенцијал ќе им се додели поголема улога во диверзификацијата и зајакнувањето на синџирите на снабдување.
Кина не е експлицитно спомената во коминикето на Г7, но врз основа на дипломатската терминологија може да се заклучи дека Г7 ги повикува „индустриските демократии“ да соработуваат меѓу себе за да ја намалат зависноста од „азиската производна моќ“.
„Посветени сме на заеднички зајакнување на соработката со земјите со пониски и средни економски потенцијали кои треба да играат поголема улога во (диверзификацијата) на синџирите на снабдување преку заемно корисна соработка и синергија на финансии, знаење и партнерства кои ќе придонесат за одржлив развој и подобрување на отпорност на синџирот на снабдување на глобално ниво“, се наведува во соопштението на министрите за финансии и гувернерите на централните банки на Г7.
Подготвено од А.Ѓ.