https://www.flickr.com/photos/incandopolis/12803076804/in/photolist-kvn7Fw-6yBP2e-uUcy4x-QxAEH-3L6wy-6Jrdj6-fGrQfb-8gE4iZ-LBXBQ-jG1GCc-MGALx7-7owi1L-3FM3vj-5xziWU-seayA5-qfDY3e-ebEJ77-6wbR2i-ah3piB-8CZSTF-iGpKC-7JSzkQ-ekFNVA-x7czQG-oXuSBq-25h9NUB-2556xoM-gV8nR-im3L3p-8F1TuT-dra98s-oZwKpx-akMQfE-28HqmcF-nR8oDr-fGRGEJ-cMFNoS-arNytG-nyCH38-obHpr3-26fZBPz-44bD7D-JbprNL-K7Yxuu-434D1N-pwr1hp-nUEq7p-cBqKqW-5Y3g1e-fe5WYf

13.04.2023 Скопје

Синдикатите во Франција денеска повторно повикаа на штрајкови и протести ширум земјата против пензиските реформи на претседателот Емануел Макрон, и очекуваат на денешните 12-ти протести да учествуваат од 400 до 600 илјади лица. Планирано е да се ангажираат 11.500 полицајци, од кои 4.200 ќе бидат во Париз.

Протестите се насочени против постепеното зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, а спорот се интензивираше бидејќи владата го протурка текстот низ Националното собрание без гласање.

Се очекува Уставниот совет во текот на утрешниот ден да ги соопшти резултатите од разгледувањето на предлогот за реформи. Може делумно или целосно да ја поништи пензиската реформа или да ја прогласи за уставна.

Францускиот претседател Емануел Макрон веќе најави дека сака реформата да стапи на сила до крајот на годината.

Подготвено од М.Н.

About Author