03.04.2023 Скопје
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и францускиот претседател Емануел Макрон ќе ја посетат Кина од 5 до 7 април.
Од Министерството посочија дека кинескиот претседател Си Џинпинг планира да разговара со Макрон за билатералните односи, продлабочувањето на соработката и важните светски прашања.
Европската комисија соопшти дека Фон дер Лајен ќе се сретне со Макрон на работен ручек утре, пред да отпатуваат заедно во посета на Кина.
Подготвено од М.Н.