https://twitter.com/vonderleyen/status/1544586761120190467/photo/1

01.04.2023 Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе се кандидира за нов генерален секретар на НАТО, без разлика што мандатот и истекува следната година.

Дипломатски извори тврдат дека голем број земји членки на НАТО и предложиле да ја преземе алијансата овој октомври.

Лајен, која е поранешен германски министер за одбрана, ќе се соочи со тешка битка да го наследи Јенс Столтенберг на функцијата шеф на НАТО, кој треба да се повлече подоцна оваа година откако му беше продолжен мандатот поради специјалната воена акција на Москва во Украина.

Нема формални избори за оваа позиција, но 30-члената западна воена алијанса избира нов лидер со консензус, а САД, иако го имаат главниот збор на овие избори, обично не назначуваат кандидат, бидејќи американскиот генерал традиционално служи како врховен командант на сојузничките сили во Европа.

Британски извори велат дека Лондон најверојатно ќе стави вето на изборот на Урсула фон дер Лајен, наведувајќи ги нејзините лоши перформанси на чело на германските вооружени сили.

Британскиот секретар за одбрана Бен Валас, исто така, ја сака оваа функција, да стане првиот британски генерален секретар на НАТО по 20 години, а премиерот Риши Сунак формално ја поддржува неговата кандидатура.

Како можен кандидат за шеф на НАТО алијансата се споменува и естонската премиерка Каја Калас, но таа изјави дека се исклучува себеси поради заканата од Русија на границите на нејзината земја.

Канадската министерка за финансии Кристиа Фриланд, која е полу-Украинка, исто така е во трка за наследник на Јенс Столтенберг, но извор од НАТО сугерира дека таа најверојатно нема да ја добие работата поради неуспехот на Канада да ја исполни целта на Алијансата од два отсто од БДП за одбраната.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author