26.04.2023 Скопје
Бројот на инфекции и бројот на пациенти во одделенијата за интензивна нега во болниците низ Финска се во пораст во последните три недели.
Коментирајќи ја ситуацијата за медиумите, раководителот за заразни болести во Универзитетската болница во Хелсинки (ХУС) Аско Јарвинен рече дека причина за зголемените бројки е појавата на нови варијанти.
Последната и најчеста кај новите пациенти, „Кракен“, комбинација од две поранешни варијанти. Тој е опишан како многу заразен и способен да навлезе преку имунитетот на вакцината.
„Поради помалку тестирање, реалниот број на заразени е само академска претпоставка. Како и секогаш, најмногу изложени на ризик се постарите лица и оние со хронични или повеќекратни заболувања. Сепак, симптомите што ги доживуваат повеќето луѓе се обично благи и болничката нега не е неопходност“, рече Јарвинен.
Според него, нема причина за тревога. Врз основа на искуствата од претходните години, сегашната „епидемија на крајот на пролетта“ треба да стивне до почетокот на летото.
Подготвено од А.Ѓ.