06.04.2023 Скопје
Италијанската финансова полиција изврши претрес во просториите на фудбалските клубови Рома, Лацио и Салернитана, како дел од истрагата за сомневањата за нереално високи суми на трансфери на играчи.
Истрагата против Рома се однесува на трансфери помеѓу 2017 и 2021 година, додека истрагата за Лацио и Салернитана е насочена кон продажба на играчи меѓу овие два клуба, кои до неодамна му припаѓаа на истиот сопственик, Клаудио Лотито.
Трансферите на играчи и вештачки претставените капитални добивки се во срцето на случајот со кој веќе се соочи Јувентус. Поради тоа, клубот од Торино беше казнет со одземање на 15 поени.
Подготвено од М.Н.