28.04.2023 Скопје
Директорот на Вимблдон, Јан Хјуит потврди дека Роџер Федерер летово ќе се врати во Лондон.
Осумкратниот победник на овој Грен слем ќе стане доживотен почесен член на престижниот турнир.
Тоа ќе биде прво гостување на Федерер во Ол-Енгланд клубот откако се пензионираше во септември.
Организаторите на турнирот се уште размислуваат како да го почестат големиот шампион.
Фред Пери има статуа пред Централниот терен, а нешто слично се очекува ова лето во чест на Федерер.
“Тој е голем шампион. Блиску сме. Со задоволство можам да кажам дека Роџер ќе дојде како член. Добредојден е во секое време. Ќе ги прославиме сите негови достигнувања на правилен начин на Вимблдон”, рече Хјуит.
Да потсетиме, веќе подолго време се шпекулираше дека Федерер би можел да стане нов коментатор или стручен консултант на Би-Би-Си, но засега таа вест не е потврдена.
Подготвено од А.Ѓ.