novak problemi na trening

14.04.2023 Скопје

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изненадувачки беше поразен на турнирот во Монте Карло од Италијанецот Лоренцо Музети кој беше подобар по скоро три часа игра со 2:1 во сетови.

Веднаш по одиграниот меч на социјалните мрежи се појави фотографија која ги загрижи навивачите на српскиот тенисер, односно додека Ѓоковиќ тренираше со Матео Беретини, во еден момент како што може да се забележи од фотографиите Ѓоковиќ почувствува болка во лактот.

Според неформални информации Ѓоковиќ случајно се удрил со рекетот во лактот, и затоа е таквата неговата реакција, и доколку информациите се точни српскиот тенисер не би требало да има посериозни проблеми за предизвиците кои топрва следуваат.

Подготвено од М.Н.

About Author