Image by wirestock on Freepik

19.04.2023 Скопје

Денес ќе се одржи церемонијата на потпишување на правниот акт на која ќе учествуваат претставници на Европскиот парламент и на Советот на министри на ЕУ.

Европскиот парламент во Стразбур без гласање ја одобри одлуката за визна либерализација за граѓаните од Косово.

Новите правила ќе им овозможат на граѓаните на Косово да влегуваат во ЕУ без виза во период од 90 дена во кој било период од 180 дена.

По усвојувањето во ЕП, визната либерализација за Република Косово треба да биде потпишана и објавена во службениот весник на ЕУ.

Визното ослободување ќе стапи на сила откако ќе се воспостави Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS), до почетокот на следната година.

Подготвено од М.Н.

About Author