kosovo vizna liberalizacija

18.04.2023 Скопје

На веб-страницата на Европскиот парламент се наведува дека на денешната пленарна седница на Европскиот парламент ќе се гласа за договорот за визна либерализација за граѓаните Косово, со што ќе им овозможи да патуваат и да останат во ЕУ до 90 дена без виза, во кој било период од шест месеци со пасоши издадени од Приштина.

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ на 30 ноември 2022 година договорија преговарачки мандат за безвизен режим за граѓаните на Косово, врз чија основа почнаа преговорите со ЕП, а визната либерализација беше одобрена во декември минатата година.

По усвојувањето во ЕП, визната либерализација за Косово треба да биде потпишана и објавена во службениот весник на Европската унија.

Укинување на визите за граѓаните на Косово кои патуваат во ЕУ предложи Европската комисија, врз основа на претходни оценки.

Подготвено од М.Н.

About Author