18.04.2023 Скопје
Фондот на Холокаустот на Евреите од Република Северна Македонија и Еврејската заедница во земјава денеска во Меморијалниот центар на Холокаустот ќе го одбележат Јом Хашоа (27 нисан по еврејскиот календар), кој е Национален комеморативен ден на Израел, посветен на хероизмот во Варшавското гето.
Традиционално, секоја година на овој ден се отвора и изложба од ликовни творби на ученици, учесници во училишниот награден конкурс „Холокаустот низ призмата на детските очи“, распишан од Фондот на Холокаустот на Евреите од Република Северна Македонија и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Република Северна Македонија.
Изложбата на тема „7144 згаснати ѕвезди во холокаустот“ ќе ја отвори Жаклина Мучева, а најпрво на присутните, ќе им се обрати претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви, а ќе бидат запалени и шесте меморијални свеќи.
Подготвено од М.Н.