11.04.2023 Скопје
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и неговата конзервативната исламска Партија на правдата и развојот (АКП) од денеска официјално ја започнува својата кампања во пресретна на претседателските и парламентарните избори, закажани на 14 мај.
По 20 години на врвот на турската политика, првично како премиер, а потоа и како претседател, Ердоган (69) се соочува со тешка кампања, оценуваат аналитичарите.
Опозициските партии веќе ги започнаа своите кампањи за изборите, кои се одржуваат во сенка на разорната серија земјотреси што го погодија јужниот дел на земјата.
Околу 60,9 милиони луѓе имаат право на глас во Турција, а дополнителни 3,3 милиони во странство. Турската дијаспора ќе може да гласа од 27 април.
Меѓу тројцата кандидати за претседател, шефот на централно-левичарската Републиканска-народна партија (ЦХП), Кемал Киличдароглу (74), кој раководи со сојуз од шест партии, се смета дека има најдобри изгледи за победа на претстојните изборите.
Подготвено од М.Н.