19.04.2023 Скопје
Авиокомпанијата Ер Србија соопшти дека поради штрајкот на вработените во безбедносната контрола на аеродромот во Дизелдорф, Германија, кој беше најавен за четврток, на 20 април, беше принудена да ги откаже летовите меѓу Белград и Дизелдорф ЈУ 324 и ЈУ 325, кои беа планирани за тој ден.
„На патниците со резервации за летови во четврток меѓу Белград и Дизелдорф ЈУ 324/ЈУ 325 им се испратени информации за нивниот нов распоред на летови“, се наведува во соопштението.
Од оваа авиокомпанија истакнаа дека жалат за промените настанати како резултат на штрајкот на тој германски аеродром, како и што прават се што е во нивна моќ да им дадат поддршка на патниците на споменатите летови.
Подготвено од А.Ѓ.