18.04.2023 Скопје
Македонскиот тренер на рускиот кошаркарски клуб ЦСКА Москва, Емил Рајковиќ е прогласен за најдобар тренер во ВТБ лигата за сезоната 2022/23, каде ЦСКА Москва оствари 30 победи во 32 натпревари и победи во регуларниот дел од ВТБ лигата.
Покрај тоа, ЦСКА Москва постави пет рекорди во Лигата, најдобар почеток на сезоната (24-0), најдолга победничка серија (24 победи по ред), 30 победи во една регуларна сезона, 14 натпревари со 100 поени или повеќе и најдобар учинок во регуларниот дел од сезоната (95,6 поени по натпревар).
„Голема чест е што ја добив наградата, но верувам дека овој трофеј не се доделува само на една личност, туку на целиот тим играчи, тренери, персонал и управа. Нашиот тим го заслужи за одличната сезона, за победите и сите рекорди, но најважната цел допрва доаѓа“, истакна Рајковиќ.
Подготвено од М.Н.