05.04.2023 Скопје
Францускиот претседател Емануел Макрон и американскиот претседател Џо Бајден, пред посетата на францускиот лидер на Пекинг, телефонски се договорија да побараат од Кина да ја забрза својата помош за ставање крај на војната во Украина, соопшти Елисејската палата.
Елисејската палата соопшти дека Макрон и Бајден изразиле надеж дека „Кина ќе може да придонесе во напорите за солидарност меѓу глобалниот север и глобалниот југ“, а други детали од разговорот меѓу двајцата лидери не се откриваат.
Макрон денеска ќе пристигне во Кина каде ќе престојува до петок. Тој со кинескиот претседател Си Џинпинг ќе разговара за голем број прашања во врска со билатералните односи, соопшти претходно кинеското Министерство за надворешни работи.
Подготвено од М.Н.