11.04.2023 Скопје
Според објавените американски податоци, Египет планира тајно да и испорача 40.000 проектили на Русија.
Во објавените американски податоци се вели дека наводно претседателот Абдел Фатах Ел-Сиси, наредил производство и транспорт на оружјето, и покрај тоа што Египет е еден од најблиските сојузници на Америка на Блискиот Исток.
Се наведува дека претседателот Сиси, наводно, им наредил на официјалните лица да го чуваат производството и испораката на ракетите во тајност „за да се избегнат проблеми со Западот“.
Подготвено од М.Н.