11.04.2023 Скопје
Специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин, кој е во посетата на Подгорица, се очекува потоа да дојде и во Скопје.
Џејмс Рубин беше назначен на должноста специјален претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, од државниот секретар Ентони Блинкен во декември 2022 година.
Рубин вчера по средбите што ги имаше во Подгорица, изјави дека е убеден дека Црна Гора повеќе нема да се сврти кон Белград и Москва, и оцени дека ќе биде тешко да се постигне напредок на Западен Балкан, ако руските дезинформации доминираат на тој простор.
Покрај Црна Гора, тој неделава ќе ги посети и Република Северна Македонија и Албанија за да разговара за борбата против руските дезинформации, како и за дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Подготвено од М.Н.