28.04.2023 Скопје
Тројца пилоти на американската армија во текот на вчерашниот ден загинаа откако два хеликоптери Апачи се урнаа во централна Алјаска додека се враќаа од обука.
11-та воздушно-десантна дивизија на Фејсбук објави соопштение во кое се наведува дека хеликоптери АХ-64 Апачи од Форт Вејнрајт, американска воена база во Алјаска, се урнаа во близина на Хили.
„Прва помош е на местото на настанот. Инцидентот е под истрага“, соопштија од воената единица, без да соопштат детали за несреќата.
Минатиот месец девет војници загинаа во падот на два медицински хеликоптери за евакуација Black Hawk за време на рутинска ноќна мисија над Кентаки.
Подготвено од А.Ѓ.