04.04.2023 Скопје

Доналд Трамп пристигна во Њујорк, каде што се сретна со своите адвокати пред денешното историско судење под обвинение дека прикрил исплати на порно актерката Сторми Даниелс.

Поротата на Менхетен сослуша докази за исплата на 130.000 долари на порно актерката Сторми Даниелс пред крајот на претседателската кампања во 2016 година.

Даниелс изјави дека била платена да молчи за нејзината врска со Трамп во хотел во Лејк Тахо во 2006 година., додека пак Трамп негира дека некогаш имал каква било врска со неа.

Судијата Хуан Мерчан забрани употреба на дигитални уреди во судницата на сослушувањето на Трамп, но ќе дозволи пристап до некои фоторепортери пред да започне сведочењето.

Трамп e единствениот претседател во историјата на САД обвинет за кривично дело, тој ќе им се предаде на властите во Менхетен пред да се појави пред државниот суд во Њујорк. Се очекува рочиштето да биде кратко.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *