06.04.2023 Скопје
Домородните австралиски лидери ја осудија главната опозициска партија во земјата за нивното „предавство“ кон нацијата, откако Либералната партија објави дека ќе води кампања против предлогот за уставно признавање на Абориџините и жителите на Торесовиот проток.
Австралијците оваа година ќе гласаат на задолжителен референдум за тоа дали поддржуваат промена на уставот за да се воспостави домороден „глас на парламентот“, комисија која ќе го советува парламентот за прашања кои влијаат на животите на домородните луѓе.
Позицијата на либералите, објавена од лидерот на партијата Питер Датон, ги уништи надежите дека референдумот би можел да стане кампања на национално обединување и помирување.
Доколку пак биде усвоен, референдумот ќе му даде уставно признавање на домородното население на Австралија, кое, по генерации на геноцид и раселување, е под националниот просек за повеќето социо-економски мерки и трпи несразмерно високи стапки на самоубиства, семејно насилство и затворање.
Подготвено од М.Н.