14.04.2023 Скопје
Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, изјави дека на Европа ќе и биде тешко да и верува на Кина доколку не се обиде да најде политичко решение за украинската криза.
Тоа е дел од говорот што Борел требаше да го одржи во тинк-тенк во Пекинг, но мораше да го откаже патувањето во Кина бидејќи се зарази со коронавирус, и сега подготвеното обраќање е објавено на веб-страницата на Европската унија.
„Ќе биде исклучително тешко, ако не и невозможно, Европската унија да одржи однос на доверба со Кина, што би сакал да го видам, доколку Кина не придонесе во потрагата по политичко решение засновано на повлекување на Русија од украинска територија“, предупреди Борел.
Подгитвено од М.Н.