https://www.facebook.com/photo?fbid=191930360279409&set=pcb.191931760279269

15.04.2023 Скопје

Специјалниот пратеник на Стејт департментот за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој беше во посета на Тирана, изјави дека постигнатиот договор меѓу Белград и Приштина во Охрид е историски.

Ескобар истакна дека договорот, што го овозможи Европската унија, со поддршка на САД, речиси во секој аспект е поддржан од земјите од регионот, и дека без поддршка на Република Северна Македонија тој не би се постигнал.

За време на посетата на Тирана од 11 до 13 месецов Ескобар се сретна со претседателот Бајрам Бегај, со премиерот Еди Рама и со претставници на политички партии, Демократската Енкелед Алибеај и на Партијата на слободата Илир Мета.

Подготвено од М.Н.

About Author