https://www.facebook.com/photo.php?fbid=639139457572254&set=pb.100044286166872.-2207520000.&type=3

03.04.2023 Скопје

Претседателот на Република Српска и СНСД, Милорад Додик, е меѓу првите кои му ја честитаа победата на Јаков Милатовиќ на претседателските избори во Црна Гора.

„Му честитам на Јаков Милатовиќ за неговиот избор за претседател на Црна Гора. Се надевам дека ќе ја води Црна Гора на патот на напредокот и просперитетот и дека во духот на добрососедските односи успешно ќе соработуваме за доброто на граѓаните и на Црна Гора и на Република Српска“, напиша претседателот Додик на Твитер.

Подготвено од М.Н.

About Author