11.04.2023 Скопје
Народна банка соопшти дека девизните резерви на крајот на март годинава изнесувале 4.159,2 милиона евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 258,7 милиони евра.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (63,4%), по што следуваат валутите и депозитите (26,9%) и монетарното злато (9,7%), стои во соопштението од Народна банка за месец март.
Подготвено од М.Н.