https://www.facebook.com/photo/?fbid=239459391670278&set=a.239158688367015

11.04.2023 Скопје

Рокот што им беше даден од Министерството за правда на институциите и политичките партии во дописот за номинирање свој претставник во работната група истече на полноќ, Министерството за правда се очекува денеска да го соопшти составот на работната група за измени на Уставот.

Засега се знае дека претседателот на државата Стево Пендаровски во работната група ќе го претставува професорот од Правниот факултет Александар Спасов, кој е и негов правен советник.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, изјави дека Секретаријатот за европски прашања активно ќе учествува во работната група, но до вчера попладне не беше соопштено името на претставникот кој ќе биде вклучен во работната група за уставни измени. Во работната група експерт требаше да номинира и Министерството за надворешни работи.

Владеачката СДСМ соопшти дека во работната група нив ќе ги претставува Цветанка Иванова, актуелна генерална секретарка на Собранието и поранешна пратеничка, Демократската унија за интеграција пратеникот Адеми, Алијанса за Албанците пратеникот Ремзи Мехмеди, а свој претставник најави дека ќе делегира и Беса.

Партиите ВМРО-ДПМНЕ, Алтернатива, Левица, СПМ и Демократски сојуз соопштија дека тие нема да учествуваат во формирањето на работната група.

Подготвено од М.Н.

About Author