20.04.2023 Скопје
Данска и Холандија заеднички ќе донираат 14 тенкови Леопард 2 на Украина, соопштија денеска двете земји.
Тенковите Леопард 2А4, кои ќе бидат купени од трета страна и ќе бидат обновени, треба да бидат испорачани во првиот квартал на 2024 година, се вели во заедничката изјава на двете земји.
„Апсолутно е клучно за надежта за мирна и безбедна Европа, да не им дозволиме на Украинците сами да војуваат“, рече вршителот на должноста министер за одбрана на Данска, Троелс Лунд Поулсен.
Во февруари, Данска, Германија и Холандија објавија дека ќе ги здружат ресурсите за да обноват најмалку 100 стари тенкови Леопард 1 од индустриските резерви и да ги испорачаат во Украина оваа и следната година.
Подготвено од А.Ѓ.