12.04.2023 Скопје
Српската членка и претседавач со Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, изјави дека претседателството на БиХ не го прифати предлогот на Советот на министри за именување гувернери во меѓународните финансиски организации.
„Затоа е неприфатливо министерот /Зукан/ Хелез да излезе на состанокот на Меѓународниот монетарен фонд без закажан термин, бидејќи тоа е најгрубо прекршување на формалните процедури“, посочи Цвијановиќ.
Таа во изјавата наведува дека изјавата за предлогот на Советот на министри е одложена бидејќи Претседателството има сериозни забелешки за надлежностите и распоредот на кандидатите за вакви важни финансиски институции, меѓу кои и министерот Хелез.
„Во секоја сериозна земја, ваквата произволна и незаконска акција би повлекувала соодветни санкции. За жал, тоа не е случај во Босна и Херцеговина, затоа стана нормално секој функционер, од амбасадорот до министерот, да игнорира ставовите на институцијата која е над него“, нагласи таа.
Подготвено од А.Ѓ.