03.04.2023 Скопје
Претседателскиот кандидат Мило Ѓукановиќ освоил 39,9 отсто од гласовите, додека Јаков Милатовиќ 60,1 отсто од гласовите, покажуваат прелиминарните резултати врз основа на 92,5 отсто од обработениот примерок, податоци на Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ).
Победата на Јаков Милатовиќ се слави во Подгорица и во сите други градови на Црна Гора.
Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ му ја честиташе победата на Јаков Милатовиќ на претседателските избори.
Абазовиќ изјави дека заедно ќе работат за европска, граѓанска и еколошка држава.
Подгтвено од М.Н.