https://www.flickr.com/photos/153352659@N03/52109703777/in/photolist-2noKRsz-2n7kw4w-MgkvQ7-2aBVE5h-2kmsvSt-2mVmezn-2nuQqdZ-2mPoMBS-M7cQS2-DEWkr9-Gdp9CV-JreexS-L2bD6B-DTTzDz-GYAmXs-M9Ld1Z-2mSy7Bq-HEQRdT-PNRsDJ-2m7TrJu-2nnY2Cs-DgHEqZ-2hRxQxb-2gRyzm9-2jktzBa-2iHFGpg-NRgASK-2nF2QTc-2k2Gbnx-Fup752-2jvDmbh-N2DDT2-2kzByuX-FjAH59-2nArHKm-2k6oN8E-EtXnmm-2hLYFNq-FVXfai-2nw1h8V-2k7yKFK-Jma1b8-2jqBv1g-2nBLMJU-FS8ZGS-2kCMiyX-2nAZv9q-EkxPg4-29c9kHj-2j4qQqX

22.04.2023 Скопје

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека одлуката за ограничување на увозот на украинско жито е тежок удар за Володимир Зеленски.

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека одлуката на Словачка, Полска, Унгарија и Бугарија да го ограничат увозот на украинско жито е тежок удар за режимот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Западните медиуми веќе почнаа да пишуваат за тоа дека безусловната поддршка на Киев од земјите од источна Европа е веќе речиси исцрпена, што се заканува да стане драстичен финансиски удар за режимот на Зеленски“, посочи тој.

Рускиот оддел за надворешна политика потсетува дека и Романија планира да преземе слични мерки, додека се очекува на таа „црна листа“ да бидат додадени и други земјоделски производи.

„Очигледно е дека системот на европскиот солидарен коридор за земјоделски производи од Украина има сериозни дупки“, се оценува.

Истовремено, Москва и порача на Европа да ги искористи преостанатите 18 дена до крајот на договорот за храна за да ги исполни сите услови за да ги добие условите за негово продолжување, а пред се се однесува на извозот на руски производи и ѓубрива.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author