03.04.2023 Скопје

Фудбалскиот клуб Челзи синоќа потврди дека Грем Потер е отпуштен од местото тренер на првиот тим.

Катастрофалните резултати и покрај огромните вложувања, ја наведоа управата на клубот од „Стемфорд Бриџ“ да се раздели со Грем Потер, кому му веруваа до саботниот натпревар и поразот од Астон Вила.

Ја имаше поддршката од раководството на чело со Тод Боли, но нивното трпение се потроши и беше објавено дека двете страни се разделиле по неполни седум месеци соработка.

На неговото место привремено ќе дојде Бруно Салтор и треба да ја заврши тековната сезона на клупата на Челзи пред клубот да промовира нов тренер.

Според најавите од Германија, тоа ќе биде Џулијан Нагелсман.

Интересно, не се случило многу пати двајца прволигаши да останат без тренер во еден ден. Лестер вчера попладне го отпушти Брендан Роџерс.

Поготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *