20.04.2023 Скопје
На светските берзи се зголемија цените на шеќерот на највисоко ниво во повеќе од една деценија, поттикнати од разочарувачките жетви во некои од најголемите светски производители и силната побарувачка во Кина.
Зголемената побарувачка беше надополнета со влошените временски услови, а аналитичарите велат дека сè уште има простор цените да се искачат.
Фјучерсите на суровиот шеќер во април се искачија на повеќе од 24,50 американски центи за фунта – највисока цена од 2012 година.
Стоковниот аналитичар Том Мекнил појаснува дека глобалните залихи на шеќер се тесни по помалото од очекуваното производство од некои големи земји производители на шеќер на северната хемисфера.
Индија е втор најголем производител на шеќер во светот по Бразил. На почетокот на април, Здружението за трговија со шеќер во цела Индија ги намали проценките за производство на шеќер за речиси 3% за земјоделската година од октомври 2022 до септември 2023 година. Здружението наведе несезонски врнежи во Махараштра, кои сочинуваат повеќе од една третина од производството на шеќер во земјата .
Околу 80% од глобалното производство на шеќер доаѓа од шеќерна трска, според Меѓународната организација за шеќер, додека 20% потекнува од цвекло.
Дождот во производителот број еден Бразил, исто така, го забавува почетокот на жетвата во април. Жетвата на шеќерна трска во јужноцентралниот регион на Бразил – кој сочинува 90% од производството во земјата – трае од април до декември и неговиот принос ќе биде клучен мерач за следење, рече аналитичарот за стоки на Fitch Solutions, Метју Бигин.
Друг фактор што ги турка цените повисоки е неодамнешната ненадејна одлука на ОПЕК да го намали производството на нафта за околу 1,16 милиони барели дневно. Тоа го поттикна пренасочувањето на шеќерната трска кон производство на етанол и подалеку од залихите на шеќер, напиша Fitch Solutions во извештајот од 13 април.
Подготвено од А.Ѓ.