Photo by Pixabay: https://www.pexels.com/photo/industrial-machine-during-golden-hour-162568/

22.04.2023 Скопје

Цените на нафтата на светскиот пазар денеска се во пораст поради подобрените податоци за состојбата на економијата во еврозоната и во Британија.

Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ од Северното Море е повисока за 50 центи или 0,6 отсто и сега изнесува 81,60 долари за барел.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта порасна за 49 центи, или 0,7 отсто, на 77,87 долари за барел.

Двата вида нафта вчера беа поевтини за повеќе од два отсто.

Според последните податоци, економијата неочекувано закрепна од почетокот на овој месец. Слична ситуација е регистрирана и во Британија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author