shekjer

28.04.2023 Скопје

Евростат денеска објави дека цената на шеќерот во ЕУ во февруари и март 2023 година скокна во просек за 61 отсто во однос на истите месеци минатата година.

Шеќерот најмногу поскапе во Чешка, каде неговата цена во март 2023 година оваа година беше за 98 отсто повисока од ланскиот март.

Цената на шеќерот драстично порасна во Естонија, за 97 отсто, како и во Полска – 82 отсто, Германија – 72 отсто и Летонија – 70 отсто.

Помал пораст на цената на шеќерот е забележан во Унгарија – 17 отсто, потоа Луксембург – 19 отсто, Белгија – 35 отсто, Бугарија – 36 отсто и Ирска – 37 отсто.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author