https://www.flickr.com/photos/trafigura_images/27189928945/in/photolist-HqFuAn-2i22cD5-2n2ssx5-2maoNzY-2gSZDBH-2i1XCMa-ebBwrv-tEvMCn-2iRFvW4-2i22cs3-23FgBhb-Gp2AVz-86os6y-2i1XCjX-fpLJE4-2i22cvz-2nReGg5-nngGy-86os59-86os4y-8bgkWy-ikyEMj-ikyu83-ikyZrn-ikze2t-iJdf7R-ikyADF-ikyfqV-ikyvoS-ikytVv-ikyGtq-2i1XC5o-25dYu2g-wjHt5K-xeffbY-oCPUZi-qFaSUF-oCPsfQ-oCNGbg-oCNFnT-6wjMcq-oViULZ-oCNUzp-86os5L-Gp2B7g-2i1XCub-oV3iXg-oCPAc8-oCP3xi-oV3kEz

03.04.2023 Скопје

Цените на нафтата пораснаа втора недела по ред бидејќи трговците се надеваа на поголема побарувачка од Кина и додека ОПЕК и неговите сојузници најавија намалување на производството.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела порасна за 6,5 отсто, на 79,89 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 9,2 отсто, на 75,67 долари.

И покрај растот две недели по ред, во текот на март цената на барелот во Лондон падна за околу 5 отсто, а на американскиот пазар за околу 2 отсто.

Во целиот прв квартал од годинава цената на нафтата падна трет квартал по ред, што не е забележано од 2015 година.

Сепак, цените закрепнуваат во последните недели, што најмногу се должи на надежите на трговците за забрзување на растот на кинеската економија, најголемиот светски увозник на нафта, бидејќи тоа треба да ја зајакне побарувачката.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author