19.04.2023 Скопје
Директорот на јавното претпријатие за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Зоран Ѓоргиев, смета дека цената на становите ќе се намалува во следниот период благодарение на намалувањето на цените на градежните материјали.
Директорот Ѓоргиев, по увидот во градежните работи за изградба на социјална зграда во општина Бутел, истакна дека и сега има некое намалување на градежните материјали според она што се движи сега и „ние, како државна компанија, сме регулатор на цената“. Тој, воедно, додаде дека за брзо време ќе почне градба во стара воена пекара, за да може на ова лудило што е фатено во земјава околу цената на квадратен метар, да биде некаков регулатор.
Акционерското друштво почнува да гради на нови локации со што дополнително ќе влијае на намалување на цената на станбениот квадрат во Скопје и во поголемите градови во внатрешноста која во просек скокна за 30-40% во последните две години.
Подготвено од А.Ѓ.