evrop unija

06.04.2023 Скопје

Трите приватни енергетски компании „Електрохолд“, ЕВН и „Енерго-Про“, како и државниот „Оператор на електроенергетскиот систем“ (ЕСО) ќе добијат над 380 милиони лева европски средства за модернизација и дигитализирање на нивната дистрибуција и пренос на електрична енергија.

Грантовите ќе дојдат од Европскиот фонд за модернизација, специјално создаден во 2021 година за поддршка на зелената транзиција и подобрување на енергетската ефикасност во Европската унија.

Меѓу планираните инвестиции се имплементација на близу 450.000 далечински паметни броила за електрична енергија, дигитална трансформација и онлајн управување со процесите во електроенергетските мрежи, и изградба на точки за полнење на електрични возила, соопшти владината прес-служба.

За прв пат бугарските компании добиваат финансирање од Фондот за модернизација, создаден како финансиски инструмент на ЕУ.

Подготвено од М.Н.

About Author