porast na vraboteni vo industriskiot sektor

04.04.2023 Скопје

Бројот на работниците во индустријата во февруари годинава, во однос на истиот месец минатата година, е поголем за 1.8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Во првите два месеца од 2023, бројот на работници бележи раст од 1.2 отсто со споредба со истиот период минатата година.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2023 година, во однос на февруари 2022 година, бележи опаѓање од 2.1 проценти, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 2.3 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3.8 проценти.

Според главните индустриски групи во Република Северна Македонија, бројот на работниците во индустријата во февруари 2023 година, во однос на февруари 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 14.1 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 5.2 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.5 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.6 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.4 проценти.

Подготвено од М.Н.

About Author