https://www.flickr.com/photos/carlosluna/2856173673

18.04.2023 Скопје

Министерството за правда на САД објави дека уште девет држави се приклучија во тужба против Гугл, во која се тврди дека компанијата го прекршила законот за регулирање на пазарната конкуренција во бизнисот со дигитално рекламирање.

Кон тужбата се приклучија и сојузните држави Аризона, Илиноис, Мичиген, Минесота, Небраска, Њу Хемпшир, Северна Каролина, Вашингтон и Западна Вирџинија.

Владата поднесе тужба во јануари со осум сојузни држави (Калифорнија, Колорадо, Конектикат, Њу Џерси, Њујорк, Род Ајленд, Тенеси и Вирџинија) тврдејќи дека Гугл незаконски ја користи својата доминација во дигиталното рекламирање.

Подготвено од М.Н.

About Author