03.04.2023 Скопје
Квинтетот членки на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужноафриканската република) ќе разговараат за создавање заедничка валута на следниот самит на лидерите на групата кој треба да се одржи во август во Дурбан.
Истовремено, Индија и Русија треба да воспостават нова економска асоцијација со нова заедничка валута, при што Кина може да одигра клучна улога во развојот на заедничка валута на нациите.
Од минатата недела Кина и Бразил постигнаа договор за исклучување на американскиот долар во нивните билатерални трансакции, што се очекува да ги намали инвестициските трошоци и да ги развие економските врски меѓу двете земји.
Кога станува збор за плановите за идната заедничка валута БРИКС, членките земји посочија дека оваа валута ќе биде обезбедена не само со злато, туку и со други групи на производи.
Подготвено од М.Н.