bred pit 1

24.04.2023 Скопје

Холивудскиот актер Бред Пит ќе се трка со Формула 1 асот Луис Хамилтон во првиот круг од Големата награда на Британија во Силверстоун како дел од снимањето на најновиот блокбастер.

Пит игра пензиониран ветеран во Ф1, кој се согласува да биде ментор на млад возач, во филм чиј извршен продуцент е Хамилтон и неговата нова продукциска куќа Dawn Apollo Films.

„Гледањето на Бред Пит на Британското ГП ќе биде неверојатен и надреален момент за ТВ гледачите и обожавателите во Силверстоун овој јули“, рече еден од членовите на екипажот.

Како што изјави, продуцентите сакаат да се погрижат снимката да биде што е можно пореална во филмот што допрва ќе го носи насловот.

Бред Пит ја гледаше трката за Големата награда на САД во Формула 1 минатиот октомври заедно со продуцентот Џери Брукхајмер, режисерот Џо Косински и сценаристот Ерен Кругер за да разговараат за проектот со тимовите и официјалните лица на Формула 1. Како што беше најавено, филмот ќе излезе следната година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author