https://www.facebook.com/photo.php?fbid=857428295744188&set=pb.100044310762261.-2207520000.&type=3

15.04.2023 Скопје

Бразилскиот претседател ги продлабочи дипломатските врски со Кина, нејзиниот најголем трговски партнер, со државна посета за време на која двете земји се согласија да ги поттикнат инвестициите и соработката во технологијата и одржливиот развој и повикаа на мировни преговори за Украина.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва и неколку негови министри ги потпишаа договорите со претседателот Си Џинпинг и други кинески претставници во Пекинг, и ги поставија дипломатските односи со Бразил како приоритет каде и двете земји треба да ја продлабочат практичната соработка во секторите како што се земјоделството, енергијата и инфраструктурата.

Двајцата лидери се согласија дека дијалогот и преговорите се „единствениот можен начин“ за решавање на војната во Украина, и заедно ги повикаа другите земји да играат конструктивна улога во промовирањето на политичкиот дијалог меѓу Украина и Русија.

Поготвено од М.Н.

About Author