18.04.2023 Скопје
Бразилскиот министер за надворешни работи во понеделникот ги отфрли изјавите на висок американски функционер дека неговата земја „папагализира руска и кинеска пропаганда“.
Одговарајќи на коментарите на советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби за бразилскиот поглед на конфликтот во Украина, Мауро Виеира, исто така, ги отфрли американските критики на бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва.
„Не знам како и зошто дојдоа до тој заклучок, но апсолутно не се согласувам“, рече Виеира за време на прес-конференцијата во Бразилија со неговиот руски колега Сергеј Лавров.
Виера, исто така, повика на „почитување на хуманитарното право и договорено решение насочено кон траен мир што ќе ги реши грижите“ и на Русија и на Украина. Тој, исто така, рече дека Бразил може да помогне во формирањето на група „неутрални нации“ кои ќе посредуваат во преговорите меѓу двете земји. Тој истакна дека дипломатските односи меѓу Бразил и Русија постојат повеќе од 195 години.
Кирби рече дека САД немаат ништо против која било земја што сака да се обиде да стави крај на конфликтот во Украина.
„Но, она што го веруваме е дека е длабоко проблематично како Бразил фундаментално и реторички пристапи кон одлуката сугерирајќи дека САД и Европа некако не се заинтересирани за мир. Искрено кажано, во овој случај Бразил папагализираше руска и кинеска пропаганда без воопшто да ги гледа фактите“, изјави Кирби.
Подготвено од А.Ѓ.