https://www.facebook.com/NovalicF/photos/pb.100042181492341.-2207520000./403535374673902/?type=3

05.04.2023 Скопје

Премиерот на Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ е прогласен за виновен во случајот со набавката на 100 кинески респиратори.

Фикрет Хоџиќ, сопственикот на фирмата „Сребрена малана“, која набавувала респиратори, е осуден на пет години, а поранешниот директор на Федералната управа за цивилна заштита, Фахрудин Солак на шест години.

Солак, меѓу другото, е виновен и за фалсификување документација бидејќи на подреден вработен му наредил да го смени делот од договорот што се однесува на етикетата на респираторот.

Како што пренесуваат босанските медиуми, компанијата „Сребрена малана“ мора да плати казна од 200.000 конвертибилни марки, додека Хоџиќ да врати 600.000 конвертибилни марки.

Новалиќ како првообвинет утрово не се појавил на изрекувањето на пресудата, додека сите други обвинети биле присутни во судницата.

Подготвено од М.Н.

About Author