28.04.2023 Скопје
Лидерот на коалицијата „ГЕРБ-СДС“ и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов, изјави дека доколку Асен Василев и Кирил Петков учествуваат во новиот владин кабинет, тие ќе понудат свои видни личности, како Дељан Добрев и Томислав Дончев.
По неколкуте дена преговори со второпласираната коалиција на последните парламентарни избори “ПП-ДБ“, што се чинеа за плодни, бидејќи веќе е усогласена законодавната програма, во моментов се преговара и за владината програма и личностите кои ќе бидат застапени во неа.
Поранешниот бугарски премиер Борисов, смета дека и Петков и Василев треба да го сторат истото, за да има можност за програмски, експертски кабинет, кој врз основа на одговорност ќе раководи во следните четири години.
Подготвено од М.Н.