https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/5a/Questions_and_Answers_with_EU_Foreign_Policy_Chief_Josep_Borrell_%2852359673274%29.jpg/800px-Questions_and_Answers_with_EU_Foreign_Policy_Chief_Josep_Borrell_%2852359673274%29.jpg

24.04.2023 Скопје

Првиот човек на европската дипломатија, Жозеп Борел, синоќа ги повика двајцата лидери на завојуваните страни во Судан да прогласат примирје.

Борел истакна дека ЕУ ја евакуира својата делегација од суданскиот главен град Картум.

Шефот на дипломатијата на ЕУ побара и гаранции за безбедна евакуација на граѓаните на ЕУ од Судан, и истакна дека му „олеснало“ што евакуацијата се одвива со поддршка на француската дипломатска служба, француската војска и Џибути.

Борел додаде дека амбасадорот на ЕУ, Ајдан О’Хара, кој на почетокот на неделата беше нападнат во Картум, ќе продолжи и понатаму да работи во Судан.

Подготвено од М.Н.

About Author