https://www.facebook.com/photo.php?fbid=508107661357647&set=pb.100064752514145.-2207520000.&type=3

08.04.2023 Скопје

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен најави можна контраофанзива на Украина во наредните недели.

Блинкен изрази мислење дека за многу пријатели и партнери на Украина во светот, вклучително и САД, во Украина има две цели.

„Првата цел е да се направи се што е можно за да и помогнеме на Украина да ги врати териториите што Русија ги презеде, вклучително и со контраофанзива, која се очекува во следните недели“, рече Блинкен.

Според него, втората цел е да и се помогне на Украина „да ги изгради своите среднорочни и долгорочни капацитети за одвраќање на каква било агресија“ и „да се одбрани ако, сепак, се случи нова агресија“.

Американскиот државен секретар рече дека додека Русија не го промени курсот, САД и нивните сојузници мора „да го одржат притисокот без преседан што голем број земји го извршија против Русија со санкции и контрола на извозот“.

На прашањето дали САД имаат намера да го поддржат Киев во неговата желба да се борат насилно за окупација на Крим и Донбас, американскиот државен секретар одговори дека одговорноста за таквата одлука е на Украина и дека САД, заедно со многу други земји, ја поддржува Украина во нејзините напори.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author