Македонската државна и црковна делегација, како што информираат од Владата по завршувањето на свечената церемонија се враќаaт во Скопје, пренесувајки го во фенер Благодатниот оган од Ерусалим. На Меѓународниот аеродром Скопје, државната и црковната делегација е предвидено, со почести да ги пречекаaт премиерот Димитар Ковачевски и свечената црковна делегација на МПЦ-ОА.

15.04.2023 Скопје

Преземањето на Благодатниот оган се смета за величествен момент кој што ги поврзува верниците ширум светот со светлината на Исус Христос, а се случува во Ерусалим речиси 2.000 години, на којшто чин присуствуваат христијани од целиот свет.

Државна делегација на Република Северна Македонија и црковна делегација на Македонската православна црква – Охридска Архипеископија присуствуваа на појавувањето на Благодатниот оган во базиликата Свет Гроб во Ерусалим, а потоа и лично презедоа оган од Ерусалимскиот патријарх, како благослов за верниците во нашата држава и нашата православна црква.

Во црковната делегација се повеќемина свештени лица предводени од шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, Митрополитот Тетовско-гостиварски, г. Јосиф Тодоровски.

Македонската државна и црковна делегација, како што информираат од Владата по завршувањето на свечената церемонија се враќаaт во Скопје, пренесувајки го во фенер Благодатниот оган од Ерусалим.

На Меѓународниот аеродром Скопје, државната и црковната делегација е предвидено, со почести да ги пречекаaт премиерот Димитар Ковачевски и свечената црковна делегација на МПЦ-ОА.

Подгфотвено од М.Н.

About Author