10.04.2023 Скопје
На северот на Шпанија беснеат големи шумски пожари, за кои локалните власти од регионот Астурија тврдат дека се подметнати пожари.
Од 23 март кога избувнаа првите пожари до почетокот на април изгореа повеќе од 20.000 хектари шума.
Единицата за итни случаи оваа недела се приклучи со 60 војници и 23 возила за гаснење на пожарот во Лас Регуерас, во близина на градот Овиедо, каде ситуацијата е најзагрижувачка, а во Астурија горат уште 21 пожар.
Во борбата против пожарот учествуваат пожарникари, служби за цивилна заштита, планинска служба, армија и волонтери.
Шефот на самоуправата на Астурија, Адријан Барбон, изјави дека има намера да ја прогласи областа за зона на катастрофа и дека нивото на тревога е подигнато на второ ниво во областите во близина на населбата.
Подготвено од А.Ѓ.