04.04.2023 Скопје
Американскиот претседател Џо Бајден го прогласи 31 март за ден на трансродовите лица и рече дека трансродовите луѓе „ја обликуваат душата на американската нација“. Тој смета дека трансродовите луѓе се „најхрабрите луѓе“.
„Премногу често мораа да ги стават своите работни места, врски и животи на линија само за да бидат тоа што навистина се“, се вели во прогласот на Бајден објавен на официјалната веб-страница на Белата куќа.
Бајден наведува дека „епидемијата на насилство врз трансродовите жени и девојки, особено жените и девојчињата во боја, прерано одзеде премногу животи“.
„Минатогодишното пукање во „Клуб хаус“ во Колорадо беше уште еден болен пример за ваков вид насилство – дамка на совеста на нашата нација“, рече Бајден.
Неговите критичари и критичарите на, како што велат, агресивното рекламирање на трансродовите лица и истополовите бракови, истакнуваат дека во прогласот не се споменува злосторството што неодамна се случи во христијанското училиште во Нешвил.
Таму, напаѓачот – трансродовиот маж – отвори оган, убивајќи три деца и тројца возрасни пред полицијата да го застрела.
Подготвено од А.Ѓ.